top of page

БЕЛГРАД со НОВИ САД и МАНАСТИР ТУМАНЕ

Тргнување
09.10 .2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
Сместување
​
2 ноќевање со појадок + превоз

Цена: 119€ / 7380 ден.
Белград е главен и најголем град на Србија, сместен на спојот на реките Сава и Дунав. Тој е еден од најстарите градови во Европа, со историја подолга од 7.000 години. Низ вековите бил под влијание на различни цивилизации – Римјани, Византијци, Османлии и Австроунгарци.

Денес Белград е жив и динамичен град, познат по својот ноќен живот, кафани, фестивали и опуштена атмосфера. Калемегданската тврдина е еден од најпознатите симболи на градот, а делови како Дорќол и Земун имаат посебен шарм.
Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со туристички автобус на дадената релација
Организација и водство на патувањето
Прошетка низ Белград со локален водич – ГРАТИС
2 ноќевање со појадок во хотел 3* во Белград
Посета на трговскиот центар „Галерија“
Посета на Манастирот Тумане

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Патничко осигурување 320 мкд
Посета на Нови Сад – 25 еур по лице
Tуристичка Такса 2.50 е од ноќ по лице
Сите патници кои што се пријавуваат на овој аранжман задолжително мора да ја одберат факултативата за Нови Сад
Втор ден:

Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Галерија. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

НАПОМЕНИ:

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Т.а. Либеро Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Либеро Травел и на самата агенција.
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
bottom of page