top of page
БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ-МАЛТА
Тргнување
11.10.2026
Враќање
14.10.2026
Превоз
Авион
Сместување
Хотел
Цена на аранжманот: 379евра
Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено.
Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството... Впечатливите бои - медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Авионски билет на релација: Скопје – Малта – Скопје;
Аеродромски такси
Трансфер на релација: аеродром – хотел – аеродром на Малта;
Сместување во хотел 3*на Малта – 3 ноќевања со појадок;
Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
Професионална организација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Доплата за куфер од 20 kg (цена 2-3 дена пред тргнување);
Туристичка такса 2 € на ден (се плаќа на рецепција);
Полудневен факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) - 55 €;
Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
Факултативен излет – Popeye Village & Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) – 35 €;- ( задолжителна факултатива ) – не е вклучена влезница во Popeye Village (од 15 – 20€, се плaќа на лице место)
Во цената на факултативните излети не се вклучен ручек и влезници во објекти или локации;
Индивидуални трошоци;
Патничко – здравствено осигурување;
ПРИЈАВУВАЊЕ на ФАКУЛТАТИВИ ПРИ УПЛАТА на АРАНЖМАН !! За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници
12 ден: (понеделник) | Малта - Валета - Мдина 12.10.2026
Појадок. Предлог – факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко – катедралата на Свети Јован (St. John’s Co – Cathedral), дом на ремек – делото на Караваџо (Caravaggio) – “Обезглавувањето на Свети Јован” (“The Beheading of Saint John”). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 40евра помалку од промо цена.
-За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Травелисимо.
bottom of page



















