top of page

Сараево и Мостар + Врело Буне и Златибор

Тргнување
09.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
Автобус
Сместување
Хотел
ПРОМО ЦЕНА: 119 €
Откријте ја убавината на Босна и Херцеговина и Србија низ незаборавна тура исполнета со историја, култура, природа и автентична балканска атмосфера.

Ќе го посетиме Сараево, град со богата и бурна историја, каде Истокот и Западот се среќаваат на едно место. Ќе прошетаме низ познатата Башчаршија, ќе ги почувствуваме духот и традицијата на градот и ќе уживаме во неговата препознатлива атмосфера.

Патувањето продолжува кон прекрасниот Мостар, познат по својот впечатлив Стари Мост, камените улички и шармантниот стар град. Во близина ќе го посетиме и Врело Буне, едно од најубавите природни богатства на овој дел од Босна, со кристално чистата река Буна и живописниот пејзаж.

За крај, ве очекува Златибор, популарна планинска дестинација со прекрасна природа, чист воздух и бројни можности за прошетка и одмор.

Тура која совршено ги комбинира градскиот шарм на Сараево и Мостар, природните убавини на Босна и планинската атмосфера на Златибор – идеална за кратко бегство исполнето со убави пејзажи, нови доживувања и незаборавни моменти.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Aвтобуски превоз на дадената релација
Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
Разгледување на Сараево со водич
Разлед на ВишеградПридружник на групата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 320 денари
Туристичка такса (задолжително) 310 денари по лице
Пакет Неретва ( Јабланица,изворот Врело Буне и Мостар ) – 35 евра -ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Златибор – 10евра – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Возење со бродче низ Дрина – 15евра
Влезница за во Врело Буне во куќичките 3евра по сопствена желба кој сака – не е задолжително.ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ОД 45ЕВРА ПАКЕТ НЕРЕТВА И ЗЛАТИБОР – 45 ЕВРА
ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПОДЛЕЖАТ НА ПРОМЕНИ ЗАВИСНО УСЛОВИТЕ.
10.10.2026
Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка. Ноќевање.
НАПОМЕНИ:

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
bottom of page