top of page
Љубљана со Блед, Загреб и Плитвички Езера
Тргнување
09.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
Автобус
Сместување
Хотел
Промо цена – 189евра по лице
Откријте ја убавината на Словенија и Хрватска низ една незаборавна тура која ги спојува шармантните европски градови и прекрасните природни предели.
Ќе ја посетиме Љубљана, еден од најубавите и најуредни европски градови, познат по својата прекрасна архитектура, живописниот стар град и романтичната атмосфера покрај реката Љубљаница. Следува Блед, вистинска словенечка бајка со познатото езеро, островчето со црквата и импресивниот Бледски замок.
Патувањето продолжува кон Загреб, хрватската престолнина, каде ќе уживаме во прошетка низ историскиот Горен град, плоштадите, шармантните улички и богатата градска атмосфера.
Посебен момент од турата се Плитвичките Езера, еден од највпечатливите природни феномени на Хрватска. Каскадните езера, водопадите, дрвените патеки и зеленилото создаваат пејзаж кој изгледа како од разгледница.
Ова е совршена тура за сите кои сакаат убави градови, природа, фотографирање, култура и релаксирана атмосфера, сето тоа во едно патување низ две прекрасни европски земји.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-автобуски превоз на дадената релација
-сместување во хотел со 3* во околина на Крањ – 1 ноќевање со појадок
-сместување во хотел со 3* во околина на Загреб – 1 ноќевање со појадок
-панорамна обиколка во Загреб и разглед на Загреб
-придружник на групата
-посета на БТЦ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-здравствено патничко осигурување (320 ден)
-посета на Блед– 30евра
-посета на Плитвичките езера ( задолжителна факултатива) 40евра
Сите патници кои ќе одат на оваа програма мора задолжително да ја платат оваа факултатива – без исклучок
ФАКУЛТАТИВИТЕ ПОДЛЕЖАТ НА ПРОМЕНИ НА ЦЕНА ЗАВИСНО ОД УСЛОВИТЕ
-туристичка такса за сместување во Љубљана 5е за двете ноќевања –задолжително
-влезници за културно историските споменици
10.10.2026
Пристигнување во Љубљана. Прошетка со локален водич низ Љубљана низ центарот на градот – Тромостовје, Змејски мост Прешернов плоштад. Потоа слободно индивидуално време за кафе и одмор низ центарот на Љубљана. Потоа гратис од агенцијата носење во БТЦ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР. По договореното време се сместуваме во хотел. Слободно време. Ноќевање.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: МОЖНО Е ВОВЕДУВАЊЕ НА ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20ЕВРА. Ова не е поврзано со туристичката агенција. Плаќањето се врши на граничен премин.Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.
Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
Т.А.Травелисимо го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
bottom of page








