top of page
Букурешт и Трансилванија
Тргнување
09.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
Автобус
Сместување
Хотел
149 евра по лице
Букурешт-културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата.Букурешт има диверзитет на културна сцена,каде што културниот живот се одразува на повеќе сегменти, вклучувајќи визуелна уметност,перформанси и ноќен живот. Букурешт има мешавина на елементи од традиционални романски градби,до градби кои се инспирирани од француските архитекти.Букурешт има голем број на знаменитости и споменици.
Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.
За првпат македонска агенција која организира Bucharest Ghosts Stories and Mythology & Ghost Hunting Tour in Bucharest- Гратис ноќна тура за патниците со енергија за ноќно истражување на градот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз
-2 Ноќевања со појадок во хотел 3*
-Разглед на градот Букурешт со водич
-Пратител и организација на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена. Цената за возрасни 70леи/14€ за студенти 49/8€) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 45€ - студенти 35€
-Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
-Вечерна посета на стариот дел од градот- 5€
-Патничко осигурување – 200 мкд.
-Туристичка такса 4€ по лице се плаќа во автобус
(10.10.2026)-сабота
Пристигнување во Букурешт во утринските часови и поаѓање на разглед на Букурешт со локален водич. Разгледот започнува со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање.
Втората знаменитост за посета е Плоштадот на Револуцијата .Најубавиот плоштад во Романија кој е познат по важни историски моменти кои се случувале на него. Тука се наоѓа Кралската палата, Римскиот Атениум, Народниот музеј на уметности и црквата Кречулеску.
По кратко возење пристигнуваме кај една од најубавите и најстарите улици во Букурешт е Calea Vistorei или Авенија на победата. Изградена е уште во 1692 година, а денес е најмодерна и најексклузивна улица во градот.
За првпат македонска агенција која организира Bucharest Ghosts Stories and Mythology & Ghost Hunting Tour in Bucharest- Гратис ноќна тура за патниците со енергија за ноќно истражување на градот.
Следна дестинација е, познат како Lipscani, стариот град плени со својот шарм. Во него ќе најдете безброј продавници за антиквитети и уметнички галерии. Тука се наоѓа старата палата на принцот изградена во 15 век од страна на Дракула кој во подрумите на палатата ги држел затворениците. Исто така токму во стариот град можете да ја видите и најстарата црква во Букурешт која датира од 1559 година.Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.
Поаѓање кон хотел. Ноќевање.
НАПОМЕНА
Важно
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
Доплата за еднокреветна соба 60 евра
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
Доплата за еднокреветна соба 60 евра
Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот.
bottom of page








