top of page
Истанбул за 11 Октомври (2 ноќи)
Тргнување
09.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
Автобус
Сместување
Хотел
РЕДОВНА ЦЕНА: 149 €
ПРОМО ЦЕНА: 119 €
Споен викенд и посета на Истанбул? Звучи како одлична идеја!
Сите милионски градови имаат свој посебен шмек, но Истанбул е навистина нешто посебно.
Познат уште како Византион, Константинопол, Цариград или Истанбул , претставува најголема метропола во светот која спојува два континента,два света ,метропола која во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста.
Тоа е град кој ретко како кој друг град претставува дом на многу култури, центар на многу империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат голем број на историски знаменитости од типот на џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули.
Токму тие градби денес се одлика на еден начин на живеење во минатото и денес.
Убавиот Босфор, историските остатоци од различни култури на секој агол, прекрасната храна се дел од причините што ќе направат да се враќате во овој турски град одново и одново.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Што е вклучено во цената
Две ноќевања и појадок во хотел со 3*;
Автобуски превоз;
Туристичка такса;
Лиценциран туристички придружник;
Посета на Капали Чаршија;
Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “;
Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “;
Превоз Скопје,Велес,Неготино,Гевгелија,Штип,Струмица,Прилеп и Битола;
Што не е вклучено во цената
Индивидуални трошоци;
Факултативни излети;
Патничко осигурување;
10.10.2026 - ( САБОТА )
Пристигнување на групата во Истанбул.
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж.
Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.
Check in во хотелот е после 14:00 часот
По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување,oдносно се уплатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално)
Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Областа Таксим
Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истиклал улица на која се движи познатиот трамвај!
Важно
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплаќаат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција.
Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.
bottom of page








