top of page
Кападокија со Анкара и Истанбул
Тргнување
06.10.2026
Враќање
11.10.2026
Превоз
автобус
Сместување
хотел
230евра по лице
Ако постои бајка за магична земја од глина,веројатно ќе изгледа како Кападокија.Регионот е во централна Турција и е познат по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилиштa. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!
ПРОМОТИВНА ЦЕНА – 230евра ( 14. 260 ден)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 280евра ( 17 360ден)
Во цената е вклучено:
*Превоз со високо туристички автобус;
*1 ноќевање со појадок и вечера во хотел со 3 ѕвезди во Анкара;
*Бесплатна панорамска обиколка на Анкара
*Бесплатна посета на музејот на Ататурк
*Панорамна обиколка -Долина на Гулабите, Долина на Камилите
*Фото пауза панорамна глетка кон областа
*2 ноќевања со појадок и вечера во во хотел со 3 ѕвезди во Кападокија;
*1 ноќевање со појадок во хотел со 3 ѕвезди во Истанбул;
*Фото пауза и посета на Туз Ѓолу или Соленото Езеро;
*Панорамска тура низ Анкара;
*Панорамска тура низ Кападокија;
*Панорамска тура низ Истанбул низ Европа и Азија
*Посета на трговскиот центар Florya во Истанбул;
*Богата туристичка програма по целата рута;
*Водич преставник од туристичката агенција;
Во цената не е вклучено:
*Автентичен дервишки ритуал со танцот Сема – 30 евра;
*Трансфер до патеката со летачки балони – 15 евра;
*Аqua Florya влезница -30евра
*Вечерно крстарење со јахта по Босфорот во Истанбул со неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли и ладни предјадења – 55 евра;
*Возење со балон над Кападокија – околу 240 евра,
*Посета на подземниот ресторан „Јашар Баба“ со богата фолклорна програма. (Менито вклучува овошни салати, јаткасти плодови и пијалоци, локално производство без ограничување) – 40 евра, деца од 5 до 11,99 години – 25 евра;
*Ноќна тура до градот Аванос и Гореме- 15 евра; (*Ноќна обиколка до град Аванос 1:30 час слободно , слободно време во Гореме 1 час , фото пауза на долината и фото пауза на реонот на трите убавици)
*Ноќна тура низ Истанбул со посета на трговскиот центар „Виа порт Венеција“ – 10 евра;
*Посета на Орта Хисар и најголемиот мол во Невшехир Capadocia Mall – 15евра
Втор ден: – АНКАРА – Кападокија
Појадок. Поаѓање за Kападокија. Фото пауза на соленото езеро – Туз Ѓолу / Солено езеро /, кое се наоѓа на 905 м надморска височина. Сместување во хотел ***+ во регионот Кападокија. Посета на подземниот град Кајмакли – најголемиот во Кападокија, веројатно настанат кон крајот на вториот милениум п.н.е. Достигнува длабочина од околу 80 м и се состои од станбени и јавни простории вкопани во вулканските карпи на неколку нивоа поврзани со тунели (опционално самостоен влез во градот, плаќање на влезница на лице место околу 13 евра по лице) Сместување во хотел. Факултативно попладне со дополнителна посета на претставата „Вртливи дервиши“. Вечера. Факултативна ноќна тура со посета на еден од најголемите градови во регионот – Аванос. Слободно време во Аванос 1ипол час. Потоа се упатуваме кон Гореме. Слободно време 1 час за прошетка . Се застанува и се прави фото пауза на долина на камилите и фото пауза на реонот на трите убавици.Враќање во хотел.Ноќевање.
ДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ
Поаѓањата за и од таму и паузите по патот можат да имаат измени зависност од потребите на патувањето. Тоа го одредува агенцијата.
НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
bottom of page




