top of page
Посета на Манастирот Василије Острошки и Будва
Тргнување
10.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
автобус
Сместување
2000 денари
Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.
Превоз со високотуристички автобус
-Посета на Будва
-Фото – Пауза на Св.Стефан
-Ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор
-Придружник за време на патувањето
- Подгорица и величествениот Храм Христово Воскресение
- Посета на Манастир Дајбабе
-Посета на црквата Христово Воскресение во Подгорица
Во цената не е вклучено:
-Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)
-Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец.
-Патничко осигурување
-Туристичка такса за влез во манастирот од лице 1 еур се плаќа во автобусот
За реализација на патувањето е потребно минимум 35 патника.
Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето до 48 часа пред поаѓање во случај на недоволен број на патници.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место
2 ДЕН (НЕДЕЛА)
Пристигнување во градот Будва. Слободно време за фото пауза на Островот Св.Стефан. Автобусот се упатува кон Словенска плажа. Слободно време од неколку часа за плажа, појадок, прошетка, (крстарење – индивидуално), или слободни активности по сопствен избор.
Во попладневните часови се упатуваме кон манастирот Свети Василие Острошки и факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
bottom of page






