top of page

Tоскана (автобус)

Тргнување
08.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
Автобус
Сместување
Хотел
Промотивна цена до 15.09 – 198евра по лице
Откријте ја магичната Тоскана – регион исполнет со живописни пејзажи, средновековни градови, вински патишта и неповторлива италијанска атмосфера. Ќе ги посетиме прекрасните Фиренца, Сиена, Сан Џимињано и Пиза, уживајќи во архитектурата, културата и традиционалната италијанска кујна.

Тоскана е совршена комбинација од уметност, историја, природа и уживање, идеална за сите кои сакаат да ја почувствуваат вистинската душа на Италија.
Цената на аранжманот вклучува:

3 ноќевања во хотел со појадок во Монтекатини
Автобуски превоз на дадената релација
Посета на Болоња
Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип. Велес, Скопје, Куманово
Организација со професионален туристички придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:
Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 60€
Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) и вечерна посета на Пиза – 60€
Посета на Фиренца – 30€ – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПОСЕТА
Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице)
Патничко здравствено осигурување 320ден
Индивидуални трошоци (влезници за објекти…)

Специјален пакет на факултативи Сиена и Сан Џимињано и Cinque Terre – 110евра !!! СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
09.10.2026 (петок) Болоња – Монтекатини
Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци“, плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
Нема намалување на цената за сопствен превоз
ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
bottom of page