top of page
ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА: СОЛУН
Тргнување
11.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
Сместување
89 евра
Доколку сакате динамичен ден исполнет со шопинг, прошетки и медитеранска атмосфера, оваа екскурзија до Солун е идеален избор. Градот нуди совршена комбинација од модерни шопинг центри и урбано уживање, а декемвриската атмосфера го прави уште попривлечен за краток, но содржаен излет.
Во рамки на програмата е предвидена посета на IKEA, каде ќе имате можност да пронајдете практични и инспиративни решенија за вашиот дом, како и посета на трговскиот центар COSMOS, еден од најпопуларните шопинг молови во Солун, со богат избор на продавници, ресторани и кафулиња.
Переа и Агија Тријада се блиски приморски места во Грција, сместени во Заливот Термаикос, на само неколку километри јужно од Солун. Тие се омилена дестинација за брз одмор или викенд поради близината до градот и лесниот пристап.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со туристички автобус
1 ноќевање во хотел во Солун
Појадок
Организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Патничко осигурување
Туристичка такса – се плаќа директно во хотелот
Влезници
Лични трошоци
12.10. Понеделник | Солун - Скопје
Појадок во хотелот.
По појадокот следува одјавување од хотелот и заминување кон Mediterranean Cosmos.
Следува индивидуална посета и слободно време за шопинг.
По завршувањето на шопингот, продолжување кон центарот на Солун.
Следува индивидуално слободно време за прошетка, кафе, ручек и уживање во градот.
Во попладневните часови поаѓање кон Скопје.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Важно
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплаќаат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
bottom of page






