top of page

Врњачка Бања

Тргнување
10.10.2026
Враќање
12.10.2026
Превоз
Автобус
Сместување
Хотел
ПРОМО цена за уплата до 25.09.2026 - 149€
Редовна цена 169€
Откријте ја Врњачка Бања, една од најпознатите и најпосетувани бањски дестинации во Србија, идеална за одмор, релаксација и пријатни прошетки.

Уживајте во прекрасните паркови, уредените пешачки патеки, минералните извори и живописниот центар на бањата. Врњачка Бања е позната по својата богата традиција, лековитите термоминерални води и пријатната атмосфера која ја прави одлична дестинација во секое годишно време.

Турата е совршена за оние кои сакаат одмор, природа, релаксација и малку време за себе, далеку од секојдневната гужва. Очекувајте пријатни прошетки, убави пејзажи и вистинско уживање во една од најпознатите бањи на Балканот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Фонтана 4* во центарот на Врњачка Бања во СУПЕРИОР соби
- Организирана прошетка и разглед низ Врњачка Бања
- Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
- Доплата за туристичка такса 3€/186ден вкупно за 2 ноќи (доплата во агенција);
- Факултативна посета на манастирот Жича 15€ (доплата на лице место)
- Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден на цената на аранжманот
11.10.2026 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевањe.
Напомени:
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Травелисимо
bottom of page