top of page
Куршумлиска Бања
Тргнување
23.10.2026
Враќање
25.10.2026
Сместување
Хотел
Превоз
Автобус
Цена:
ПРОМО цена до пополнување на местата - 189€
Редовна цена на аранжманот 199€н
Некогаш најпознатиот центар за рехабилитација на Балканот, по 16 години пауза, повторно е отворен за туристи – сега во комплетно ново руво. Куршумлиска Бања, лоцирана на падините на Копаоник покрај долината на Бањска Река, денес нуди современ СПА и медицински центар преку хотелскиот комплекс „Планинка“. Располага со 8 базени со термална вода, велнес содржини, и природа која повикува на целосен одмор и релаксација!
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Автобуски превоз на наведената релација.
- Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
- Користење на внатрешни и надворешни базени со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
- Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
- Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
- Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
- Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет 50% попуст
- Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
23.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Травелисимо.
Heading 5
bottom of page







