top of page

Пролом Бања

Тргнување
23.10.2026
Враќање
25.10.2026
Сместување
Хотел
Превоз
Автобус
Цена:
ПРОМО цена до пополнување на местата - 169€
Редовна цена на аранжманот 179€
Откриј ја магијата на Пролом Бања – бања сместена во срцето на јужна Србија, позната по лековитата Пролом вода, чистиот планински воздух и недопрената природа. Идеална дестинација за одмор, релаксација и обновување на енергијата – далеку од градскиот метеж.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Радан 3* во 1/2 соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено - затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум
- Користење теретана и фитнес сала
- Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)
- Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница - 5€ (доплата на лице место)

Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) 50% попуст
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден
23.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Травелисимо.
Heading 5
bottom of page