top of page
Бања Ждрело, Србија
Тргнување
22.10.2026
Враќање
25.10.2026
Сместување
Хотел
Превоз
Автобус
Цена:
199 евра
Сместена во живописната природа на источна Србија, Бања Ждрело претставува вистинска оаза на мир и уживање. Позната по своите термални води, кои достигнуваат температура и над 40°C, оваа бања е идеално место за релаксација, здравје и обновување на телото и духот
Термалната вода, богата со минерали, е позната по своите лековити својства – помага при проблеми со мускули, зглобови и кожата, а нејзината природна топлина обезбедува пријатно искуство во текот на целата година, дури и во зимските денови кога снегот нежно ја покрива околината.
Околината на бањата е вистински дар од природата – чист воздух, зелени шуми и планински предели кои создаваат совршена атмосфера за одмор и релаксација. Во близина се наоѓаат и манастирите од 13 век, вистински споменици на духовноста и традицијата, кои го збогатуваат културното искуство на секој посетител.
За сместување и целосен престој, тука е хотелот Млавске Терме, кој нуди удобност и содржини за сите генерации. Пензионерите ќе уживаат во мирната атмосфера и лековитите базени, додека фамилиите со деца ќе бидат воодушевени од топоганите и забавните содржини во рамките на хотелот.
Без разлика дали бараш тивок одмор, лековита терапија или семејна авантура, Бања Ждрело е местото каде што природата, здравјето и уживањето се спојуваат во едно прекрасно искуство.
ВКЛУЧЕНО ВО ПРОГРАМАТА
Сместување
• 3 ноќевања во хотел во Бања Ждрело
• Соби со двоен кревет / twin соби
• Дневно одржување на соби
Исхрана
• Коктел за добредојде на рецепција
• Појадок
Wellness & SPA
• Неограничено користење на сите термални базени
• Користење на wellness и SPA центар
• Сауна и парна бања
• Фитнес сала
• Wi-Fi во целиот комплекс
Петок 22.10.2026
• 06:00 - Заминување од Скопје (централна локација)
• 10:30 - Пристигнување во Бања Ждрело, хотел Петровац на Млави
• 11:00 - Пријавување во хотел, добивање клучеви за соби
• 11:30 - Коктел за добредојде на рецепција 🥂
• 14:00 - Користење на термални базени (температура 40°C)
• 16:00 - Слободно време - wellness и SPA третмани
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Превоз ( се допаќа 30 евра по лице )
• Комфортен минибус Скопје - Бања Ждрело - Скопје
• Професионален возач
• Пратител за целото патување
________________________________________
Што да понесете:
• Лични документи (пасош/лична карта)
• Костим за капење
• Лични козметички производи
Напомени:
• Цените се по лице и се однесуваат за 2025 година
• Можност за дополнителни SPA третмани со дополнителна наплата
• Групни попусти се применети
• Резервација се врши со авансно плаќање од 30%
Heading 5
bottom of page







