top of page

Луковска Бања

Тргнување
23.10.2026
Враќање
25.10.2026
Сместување
Хотел
Превоз
Автобус
Цена:
ПРОМО цена до пополнување на местата - 185€
Редовна цена на аранжманот 205€
Луковска Бања е младо бањско одморалиште во југоисточниот дел на Копаоник, познато по 37 извори и топла минерална вода до 65°C. Со надморска височина од 681 м, е највисоката и воздушна бања во Србија, само 36 км од Куршумлија.
Хотел „Бела Јела“ 4* нуди модерно опремени соби, појадок и вечера на шведска маса, „а ла карт“ ресторан и велнес центар со базени, сауни, солена соба и теретана. За најмалите има игротека, а медицинскиот блок нуди терапии и 24-часовни лекари.
Искористете го овој празник за релаксација, прошетка и нови спомени. Резервирајте навреме!
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
- Користење на внатрешно - надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
- Користење на новиот Велнес Центар (сауна, парна бања, солена соба, тепидариум, џакузи)
- Користење на сала за забава и рекреација
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% попуст
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден
23.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и ТА Травелисимо.
Heading 5
bottom of page