top of page
Бари за 24 Мај
Bari Prodolzen Vikend 24 Maj
Тргнување:
Враќање:
23.05.2026
26.05.2026
Сместување:
Превоз:
Авион
Хотел
Цена:
369 евра по лице за рана уплата
469 евра редовна цена
Бари е шармантен приморски град во јужна Италија, познат по својата опуштена атмосфера, вкусна храна и автентичен медитерански дух. 🇮🇹
Стариот дел на градот – Bari Vecchia – плени со тесни улички, камени куќи и локален живот, каде често може да се видат баби како прават свежа паста пред своите домови.
Градот е дом на познатата Basilica di San Nicola, значајно религиозно место што привлекува посетители од целиот свет. Покрај тоа, долгото шеталиште покрај морето нуди прекрасни погледи и совршени моменти за прошетка на зајдисонце.
Бари е идеална дестинација за кратко патување – комбинација од историја, море, култура и вистинско италијанско уживање.
Факултативни излети:
Полинјано а Маре & Алберобело– Траење: целодневна тура– Вклучува: превоз, придружник/водич, слободно време за разглед– Главни атракции: панорамски видиковци, плажата Lama Monachile, трули куќички во Алберобело 70 евра
Матера– Траење: полудневна/целодневна тура– Вклучува: превоз, придружник/водич, влезници во одредени објекти– Главни атракции: Sassi di Matera, историски цркви, улички со занаетчиски продавници 80 евра
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 130 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената е вклучено:
– Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 8кг
– Аеродромски такси
– Превоз аеродром – хотел – аеродром
– 3 ноќевања во хотел во Бари со појадок
– Организација и придружник
Во цената не е вклучено:
– Факултативни излети
-Trullo Sovrano во Alberobello: € 3.00 по лице (,се плаќа на лице место)
– Туристичка такса 3 евра по лице на ден
23.05 (Сабота) | СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата во 20ч00 на Скопскиот аеродром. Полетување за Бари во 22ч00 Пристигнуваме во шармантниот град Бари 23ч00– срцето на регионот Пулија. Трансферот до хотел и сместување.
НАПОМЕНИ:
– За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
– Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 15 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Травелисимо
bottom of page












