top of page

Венеција за 24-ти Мај

Venecija Italija 24 Maj Prodolzen Vikend

Тргнување:

Враќање:

24.05.2026

27.05.2026

Сместување:

Превоз:

Авион

Хотел 3*

Цена:

359 евра по лице

Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.

Што е вклучено во цената
3 ноќевања во хотел со појадок (во Мештре)
Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
Посета на Падова и Тревизо
Локален Водич во Венеција со слушалки
Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
Превоз до наведените релации
Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Туристичка такса (5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Багаж над 10 КГ – информации во агенција

24.05.2026 (Недела)
Собир на Скопскиот аеродром во 09:30 часот. Полетуваме за Венеција во 11:55. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре. Во попладневнитечасови ја посетуваме Венеција и имамеразглед со локалниот водич. Ноќевање.

Важно
-За реализација на овој аранжман се потребни минимум 22 патници.
-Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
-Резервации за одреден кат или страна не е можна.
-Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа.
-Доплата за еднокреветна соба 120 евра
-Доплата за дете до 11.99 години – 279 евра (намалување 40 евра од промотивната цена за возрсни)
-Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување наТ.А. Травелисимо и СКТМ

bottom of page