top of page
Богутовачка Бања Рамазан Март
Ramazan prodolzen vikend
Поаѓање:
Враќање:
Сместување
Превоз:
20.03.2026
22.03.2026
Цена:
ПРОМО цена за резервации до 31.01.2026 – 129€/7.998ден
Редовна цена на аранжманот 149€/9.238ден
Во чест на продолжениот викенд за Рамазан (20–22.03), Ве водиме во Богутовачка Бања – дестинација позната по мирната атмосфера, чистиот планински воздух и лековитата минерална вода. Сместена на 530 м надморска височина, меѓу падините на Троглав, Жељин и Столови, бањата нуди совршени услови за одмор, релаксација и обновување на енергијата.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на базенот со лековита вода
- Користење на рекреативниот базен со температура на водата до 28 степени, може да се користи во текот на целиот ден ( поврзан е со хотелот ), тепидариум и парно купатило
- Посета и разглед на Врњачка Бања
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативна посета на манастирот Жича со водич - 10€ (доплата на лице место)
Попусти и опционални доплати:
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден
20.03.2026 (Петок) СКОПЈЕ – БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А. Травелисимо
bottom of page
























