top of page

Венеција Рамазан Март

Поаѓање:
Враќање:
Сместување
Превоз:
19.03.2026
23.03.2026
Хотел
Автобус
Цена:
ПРОМО цена за резервации до 31.01.2026 - 149€/9.238ден
***со пријава на пакет екскурзии 70€
Редовна цена на аранжманот - 169€/10.478ден
Во чест на продолжениот мартовски викенд за Рамазан, Ваикики Ве води на незаборавно патување низ Венеција, Падова, Верона и Сирмионе. Италијанска елеганција, романтични канали, уметност и богата историја се спојуваат во ова прекрасно патување, создавајќи совршена можност за празнично уживање и нови, незаборавни доживувања.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел 3* во Венето на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани посети според програмата
- Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Посета и разглед на Венеција - 35€ (доплата на лице место)
- Задолжителна посета на Сирмионе и Верона - 35€ (доплата на лице место)
- Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (5€ по лице од ноќ доплата на лице место)
- Индивидуални трошоци (влезници за музеи..)

Попусти и опционални доплати:
- Доплата за еднокреветна соба 50€/3.100ден,
- Трето лице плаќа полна сума на аранжманот,
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 20€/1240мкд (мин. 2 седишта),
- Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
19.03.2026 (четврток) СКОПЈЕ

Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
Важни напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
- За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Травелисимо
bottom of page