top of page

ХОТЕЛ ГЕЈЗЕР-СИЈАРИНСКА БАЊА

Поаѓање:
Враќање:
Сместување
Превоз:
20.03.2026
22.03.2026
хотел
автобус
Цена:
159 евра
Сијаринска Бања (поранешно Лесковачка Бања или Арнаутска Бања, е бања во општината Медвеѓа, Србија.
Сијаринска Бања – „бисер меѓу ридовите“ – се наоѓа во југоисточна Србија, во Јабланичкиот округ, на 520 метри надморска височина. Оддалечена е 340 км од Белград, 90 км од Ниш и 50 км од Лесковац. Украсена е со божествена природа, а она што го содржи длабочината на земјата тука ја прави Сијаринска Бања единствена во Европа! На површина од само 800 м, има 18 минерални извори; температурата на водата е до 72°C, што ја прави трета најтопла вода во Србија. Сијаринска Бања се наоѓа во близина на изворот на реката Јабланица, по која е именуван целиот регион во јужна Србија, на пошумените падини на планината Гољак, од едната страна, и Радан, од другата. Опкружена со вековни дабови, букови и борови дрвја – претставува вистинска оаза на кислород, а со оглед на надморската височина, може да се каже дека ова е и воздушна бања.
Посебна атракција на Сијаринска Бања е гејзирот. Тој е единствен во континентална Европа. Создаден е за време на дупчење на брегот на бањската река, кога, со бучава, од длабочина од 1232 м, еруптирала фонтана висока 8 м, со вода на температура од 72ºC! Пливањето под неговите капки е вистински мелем за душата, а погледот кон него е магично прекрасен. Околу гејзерот се наоѓа комплекс од базени, со подводна масажа, водни топови и џакузи. Гејзерот е исто така дел од грбот на општина Медвеѓа, на која ѝ припаѓа Сијаринска бања, но и заштитен знак по кој бањата е препознатлива насекаде.
Водата е богата со сулфур, минерали и природни гасови кои се користат за медицински третмани.
Најчесто се лекува :
Болести на коски и зглобови
Болести на мускули и нерви
Кардиоваскуларни проблеми
Кожни заболувања
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел ГЕЈЗЕР во двокреветни и трокреветни соби на база 2 ноќевања
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера
- Користење на базенот со лековита вода
- 3 физикални терапии
- конзумирање вода од сите минерални извори
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување

Попусти и опционални доплати:
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден

Цена за дете
За деца од 4-10 години 70% од цената
.
20.03.2026 Поаѓање од Дрводекор во 05.00 часот . Ноќно патување со попатни паузи . Пристигнување во хотел во утринските часови .
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 20 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30%
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
bottom of page