top of page

Вила Alex - Ксамил

Ksamil Albanija Leto 2026
Цена:
Почнувајќи од 99 евра
10% попуст за резервација до 28.02.2026 и целосна уплата до 31.03.2026
05% попуст за резервација до 30.04.2026 и целосна уплата до 30.05.2026
Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Студио број 1
1/3 студио на прв спрат со страничен поглед на море
Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, страничен поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио број 2
1/3 – Студио на прв спрат со поглед на море
Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио 3
1/3 – Студио на прв спрат со поглед на море
Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио 4
1/3 студио на прв спрат со страничен поглед на море
Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, страничен поглед на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.

Студио 5
1/3+1 – Студио на приземје
Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + двосед кој не се пушта, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 + 1 дете до 5,99 години.
Напомени:
Патниците имаат можност за доплата за лежалки на плажата Blue Diamond Beach и Maestro Beach оддалечени од 450-550 метри од вила Алекс, по цена од 10 евра за две лежалки и чадор на ден.
ВАЖНО! НЕМА МОЖНОСТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ЛЕГЛО ВО СТУДИЈАТА!
За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
Климата е вклучена во цената;
Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
За хигиената на собите се грижат гостите;
За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Македонија за Ксамил преку грција:

Скопје – 70€ по лице
Штип – 85€ по лице
Велес – 70€ по лице
Дреново – 70€ по лице
Битола – 60€ по лице
Прилеп – 60€ по лице
Струга – 70€ по лице
Охрид – 70€ по лице
Ресен – 70€ по лице
Деца од 2-11,99год: –10€ помалку од цената на возрасен

Попусти:
За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
Плаќање:
Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.
bottom of page