top of page
Вила Јадран, Буљарица
Buljarica Crna Gora Leto 2026
Цена
Почнувајќи од 168 €
Вилата “Јадран” е оддалечена 1км од прекрасниот Петровец на море. Првото нешто со кое се сретнуваат туристите во ова место е прекрасната плажа Буљарица, каде морето е чисто и кристално сино. Населбата Буљарица е комбинација од природни убавини со зеленило и мирен ноќен живот. Вилата е оддалечена 250 метри од градската плажа и се наоѓа во централниот дел на населбата. Располага со комплетно опремени 2, 3 и 4 креветни соби. Во склоп на Вилата “Јадран”, има обезбедено интернет и сопствен паркинг. Во приземјето на Вилата има пекара и слаткарница.
Исхраната е на база полу пансион во ресторан на Одморалиштето Св.Никола кое е во близина, каде се подготвува вкусна храна. Доручекот е на принцип шведска маса и доручекот и вечерта се обилни.
Важни Забелешки:
Цените се по лице за 7 ноќевања со полу пансион (доручек и вечера) и се БЕЗ ПРЕВОЗ.
Доплата за превоз е 45€.
За прво дете до 4,99г. е гратис. За второ дете до 4,99г. се плаќа 80% од цената.
За деца од 5 до 11,99г. се плаќа 80% од цената на аранжманот. Попустот важи за сместување со 2 возрасни лица.
За уплатени 2 последователни аранжмани се одобрува 10% ПОПУСТ на вториот аранжман.
Вилата има интернет конекција.
Во цената не е вклучена туристичка такса, се наплаќа на лице место: од 5 до 12 г. 0,5€ на ден; над 12 г. 1€ на ден.
Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената (200 до 600 денари).
Цените се изразени во евра во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд.
Цени по лице (Полу пансион)
Цените во ценовникот се за 7-дневен престој по лице и вклучуваат појадок и вечера.
bottom of page


