top of page

Одморалиште Св. Никола

Одморалиште Св. Никола, Буљарица
Цена
од 90 евра
Првото нешто со кое се сретнуваат туристите во ова место е прекрасната плажа Буљарица, каде морето е чисто и кристално сино. Населбата Буљарица е комбинација од природни убавини со зеленило и мирен ноќен живот. Одморалиштето “Св. Никола” е оддалечено 49 метри од градската плажа и се наоѓа во централниот дел на населбата. Специфично е по својата пространост со голем и зелен двор каде има поставено детски реквизити кои пружаат радост за најмалите, а за повозрасните има игралиште за баскет и одбојка.

Исхраната е на база полу пансион во сопствен ресторан, каде се подготвува вкусна храна. Доручекот е на принцип шведска маса и доручекот и вечерта се обилни. Во склоп на одморалиштето има кафе бар и обезбеден сопствен паркинг.
Типови на сместување
II Категорија: Објект со 3 соби, заеднички тоалет и фрижидер. Во собите има по 4 кревети, плакар и секоја соба е опремена со клима уред, уред за загревање на вода за топли пијалоци и пешкир за тело и лице.
I Категорија: Соби со сопствено купатило, лежај, фрижидер, телевизор, клима уред, фен, уред за загревање на вода за топли пијалоци и пешкир за тело и лице.
Важни Забелешки:
Цените се по лице (8 дена, 7 ноќевања со доручек и вечера) БЕЗ ПРЕВОЗ. Доплата за превоз е 45€.
За прво дете до 4,99 г. не се плаќа. За второ дете до 4,99 г. се плаќа 50%. За деца од 5 до 11,99 г. се плаќа 50% од цената на аранжманот. Попустот важи за сместување со 2 возрасни лица.
За уплатени 2 последователни аранжмани се одобрува 10% ПОПУСТ на 2-от аранжман.
Во периодот од 19.07 до 23.08.2026 г. во соба од II категорија се сместуваат минимум 3 лица, со полн аранжман.
Одморалиштето има интернет конекција во местото и објектот на престојот.
Во цената не е вклучена туристичка такса, се наплаќа на лице место, од 5 до 12 г. 0,5 евра, над 12 г. 1€ на ден.
Во цената не е вклучено патничко осигурување, кое се наплатува 200 до 850 денари во зависност од возраста на патникот.
Цените се изразени во евра, плаќање во денарска противвредност 1 ЕУР = 62 мкд.
bottom of page