top of page
Венеција за 8-ми Декември
Тргнување:
Враќање:
06.12.2026
09.12.2026
Сместување:
ХОТЕЛ
Превоз:
АВИОН
Цена:
399 евра
Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.
Што е вклучено во цената
3 ноќевања во хотел со појадок
Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)
Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
Лиценциран придружник
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Туристичка такса ( 5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Багаж над 10 КГ – информации во агенција
Посета на Падова ,Тревизо и Венција и локален водич во Венеција со слушалки-50 евра се плаќа на лице место (задолжителен излет)
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и слика од пасош, авио картите се купуваат веднаш на име на патникот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 10 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот, се задржува уплатената сума во целост !
bottom of page









