top of page

Еднодневна екскурзија Солун

Solun IKEA Cosmos Grcija
Цена
1.200 денари
Тргнување:
18.04.2026
Доколку сакате динамичен ден исполнет со шопинг, прошетки и медитеранска атмосфера, оваа екскурзија до Солун е идеален избор. Градот нуди совршена комбинација од модерни шопинг центри и урбано уживање, а декемвриската атмосфера го прави уште попривлечен за краток, но содржаен излет.
Во рамки на програмата е предвидена посета на IKEA, каде ќе имате можност да пронајдете практични и инспиративни решенија за вашиот дом, како и посета на трговскиот центар COSMOS, еден од најпопуларните шопинг молови во Солун, со богат избор на продавници, ресторани и кафулиња.
Екскурзијата е одлична можност за релаксиран ден надвор од секојдневието, без грижи за организација – вие само уживате, ние се грижиме за сè останато.
bottom of page