top of page
Манастир Манасија , Ресавска Пештера и Водопад Лисина
Ednodnevni ekskurzii
Цена
1600 денари по лице
Тргнување:
18.04.2026
Манастирот Манасија или Ресава е еден од најзначајните споменици на српската средновековна култура и нјзначајната градба кој припаѓа на Моравската школа. Се наоѓа 30 километри од автопатот Белград-Ниш. Манастирот Манасија започнал да се гради 1407 година а истиот е завршен 1418 година. Манастирската црква е посветена на Света Троица и истата е осветена покасно, Целиот комплекс е опкружен со високи зидови кои во минатото служеле за одбрана. Всушност претставува една целина која се состоела од вкупно 11 кули.
Ресавска пештера е заштитен спомени на природата и истиот се сместува во заштитено подрачје од прва категорија. Ресавска или Дивљаковачка пештера е пештера во источна Србија на 20 километри од Деспотовац. Оваа пештера е една од најзначајните туристички пештери во Србија и истата зафаќа надморска височина од 483 метри.
Опис на патувањето:
Тргнување во 05:00 од паркингот пред Пошта на железничка Собирање на група 04:45. Патувањето води преку граничен премин Табановце. Предвиденото време за пристигнување во манастирот Манасија е помеѓу 9-10 часот.
Слободно време за прошетка и разглед на манастирот. По посетата групата се упатува кон посета на Ресавска пештера и водопад Велики Бук ( Лисина)
Слободно време за прошетка и разглед на пештерата
Понудата вклучува:
Превоз на наведената релација
Организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
Влезница за посета на пештерата: 500 динари
Влезница за посета на Водопад Велики Бук, Лисина-100 динари
Индивидуални трошоци
НАПОМЕНА;
Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.
bottom of page







