top of page
Вруток, Бигорски и Рајчица
Ednodnevni ekskurzii
Цена
1000 денари по лице
Тргнување:
19.04.2026
Вруток – Бигорски – Рајчица е идеална тура за бегство од секојдневието и уживање во природа и духовен мир.
Патувањето започнува со посета на изворот на Вардар во Вруток, каде чистата вода и зеленилото создаваат вистинска оаза за одмор. Потоа следува посета на величествениот Бигорски манастир, познат по својата уникатна резба и духовна атмосфера. Турата продолжува кон Манастир Свети Георгиј Рајчица, каде владее тишина, спокој и прекрасен поглед кон околната природа.
Оваа тура нуди совршен спој на природна убавина, традиција и внатрешен мир – идеална за еднодневно патување.
Понудата вклучува:
посета на Вруток
посета на Бигорски манастир
посета на женски манастир во Рајчица
превоз на наведената релација
организација и водство на патувањето
Понудата не вклучува:
влезници за културно историски споменици
индивидуални трошоци
НАПОМЕНА;
Распоредот за седење во автобус се прави според датумот на уплата. За избор на седиште се наплаќа 300 денари за патувања во Македонија, 600 денари за патувања во странство.
bottom of page






