top of page

Вила KOSTAS

Почнувајќи од 115 евра по лице
Вила “Kostas”, се наоѓа во центарот на Калитеа на главниот булевар над плажата и на околу 120m од плажа. Располага со 1/4 студија (едно дупло легло + две единечни во студијата на I кат и четири единечни легла во студијата на II кат), Студијата се комфортни, чисти и со многу добар квалитет на сместување. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер...), комплетно реновирани нови купатила, просторни балкони (масичка со столчиња) со поглед напред на булеварот и кон море (од студијата на II кат), LCD телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ.
НАПОМЕНА

- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Во 1/4 студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години;
- Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата на булеварот.
- Клима и Wi-Fi интернет, БЕСПЛАТНО!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);
​
bottom of page