top of page

Вила Јулианос

Krf Grcija Ostrovi Ostrov Leto 2026
Цена:

Почнувајќи од 112 евра по лице

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно островот Крф е еден од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно 12 години сме организатори на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 12 години.

Ипсос се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Ипсос е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружен е со продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, барови, таверни итн. Плажата повеќе пати беше обележана со Сино знаме за чистиот брег и води со тоа што ја прави една од најбезбедните плажи на Крф.

Вила Јулианос e лоцирана во помирниот дел на Ипсос -Крф, на 10 минути пешачење од плажата со многу гостопримливи домаќини. Вила која ја работиме веќе 12-то лето и од која имаме само пофалби. Располага со три апартманиза 2 лица и еден дуплекс апартман за 4 лица.
Двокреветните апартмани имаа сопствена кујна која е физички одделена од спалната. Кујната е опремена со основен прибор за јадење и готвење, фрижидер и мини шпорет.
Дуплекс апартманот за 4 лица има две посебни спални соби-во едната спална има брачен кревет, а во другата соба има два одделни кревети. Кујната е физички одделена од спалните соби и е опремена со основен прибор за јадење и готвење, голем шпорет со рерна и голем фрижидер.
Сите апартмани имаат сопствена тераса,телевизор и клима уред (кој се доплаќа на лице место 5 евра од ден), бесплатен Wi-Fi интернет (Т.А Травелисимо не гарантира за јачината и брзината на интернетот. Ве советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори).
Позади во дворот на вилата има скара која е на располагање на гостите.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со автобус на релација Скопје-Игуменица-Скопје
- 7 ноќевања /8 дена
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
- Туристичка такса 2 еур на ден за студио / апартан (се плаќа во агенција)
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Клима уред (се доплаќа на лице место)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

- Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со возрасен)
- Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба на редовна цена. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
- Во двокреветна соба 3-то возрасно лице на дополнителен кревет има 30% попуст на редовните цени
- Во Апартман 3-то и 4-то возрасно лице, на редовно легло има 30% попуст на редовните цени
-За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
- Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
НАПОМЕНИ:

1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
7.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
8. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина порано од 30 дена пред патување ќе бидат задржани манипулативни трошоци од 5% од сумата на аранжманот.
9. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
10. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
11. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
12.За време на престојот гостите се задолжени за хигиената во студијата/апартманите. Постелнината се менува еднаш седмично.
13. За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. Травелисимо.
bottom of page