top of page
LAST MINUTE !
Вила Вангелис - Лептокарија
Leptokarija Grcija leto 2026 Letuvanje Last Minute
Last minute цена
01.07 - 08.07.2026
1/3 студио - 345 евра за наем
1/3+2 дуплекс - 505 евра за наем
08.07 - 15.07.2026
1/2 студио - 345 евра за наем
1/3 студио - 385 евра за наем
15.07 - 22.07.2026
1/3 студио - 425 евра за наем
1/3+2 студио - 635 евра за наем
Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел "Eleni" под главиот пат и пругата во центар на Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија, апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла и се наоѓаат на високо приземје и први кат, во трокреветните има еден брачен и еден единечен кревет на први кат, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, и еден брачен и еден единечен во кујната. Овој апартман се наоѓа на високо приземје, додека во дуплекс апартманот со две одделни спални соби има три единечни во едната спална и две единечни во другата спална и дневна со кујна. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер...), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен интернет и прекрасно уредени двор со парк кој ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.
НАПОМЕНА
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.
- Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
- Доплата за клима - 6€ од ден (студио), 8€ од ден (апартман) - на лице место;
- Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
bottom of page








