top of page
Вила Кики
Почнувајќи од 278 евра наем на апатман
Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.
Неа Флогита има уникатна местоположба, на ридски терен, на само неколку минути пешачење од морето, но и на само 5 минути возење од Неа Модања, комерцијалниот центар на Халкидки, место каде што можете да пронајдете и купите се што ви е потребно или пак да уживате во активниот ноќен живот.
-ВИЛА КИКИ -Апартман B 1 е наменет за 5-6 лица. Се наоѓа на 30 метри од плажа и има директен поглед на море. Се состои од две спални соби, кујна, бања и голема тераса. Едната соба има брачен кревет и еден единечен кревет, а другата има два единечни кревети. Кујната е опремена за приготвување и послужување храна и пица. Се наоѓа на вториот кат. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената.
-ВИЛА КИКИ -Апартман B2 на втор кат, за 3-4 лица, на 30 метри од плажа и со директен поглед на море.Станот се состои од бања, тоалет, тераса, кујна и посебна спална соба. Собата има еден брачен кревет и еден единечен кревет. Доколку е потребно, може да се додаде дополнителен кревет во кујната. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената.
-ВИЛА КИКИ во Флогита. Апартман B3, на втор кат, за 3-4 лица, на 30 метри од плажа и со директен поглед на море.Станот се состои од бања, тоалет, тераса, кујна и посебна спална соба. Собата има еден брачен кревет и еден единечен кревет. Доколку е потребно, може да се додаде дополнителен кревет во кујната. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената.
-Вила КИКИ во Флогита. Апартман B4, за 4-5 лица, на 30 метри од плажа со поглед на море. Станот се состои од бања – тоалет, предна тераса со поглед на море, кујна и две спални соби. Секоја соба има два единечни кревети. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената.
-ВИЛА КИКИ во Флогита. Апартман I3 на приземје, за 3-4 лица, на 30 метри од плажа и со директен поглед на море.Станот се состои од бања, тоалет, тераса, кујна и посебна спална соба. Собата има еден брачен кревет и еден единечен кревет. Доколку е потребно, може да се додаде дополнителен кревет во кујната. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената.
-Вила КИКИ во Флогита. Апартман I4, на приземје, за 4-5 лица, на 30 метри од плажа со поглед на море. Станот се состои од бања – тоалет, предна тераса со поглед на море, кујна и две спални соби. Секоја соба има два единечни кревети. Опремена кујна за приготвување и послужување храна и пица. Клима и Wi-Fi се вклучени во цената.
Што е вклучено во цената
-7 ноќевања во Вила Кики
-Користење на клима и WIFI
Што не е вклучено во цената
-Доплата за туристичка такса 2 евра од ноќ од апартман (Се плаќа во агенција)
-Превоз за возрасен повратен билет 50еур / 45 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување
Важно
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 2 еур по апартман на ден и се плаќа во агенција.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Травелисимо
bottom of page

























