top of page

Вила Лидија

Почнувајќи од 159 евра за наем
Повратен превоз Еден правец
Возрасен 50€ 40€
Деца од 02-12 год. 40€ 30€
Деца до 2 год. Бесплатно (без седиште) Бесплатно (без седиште)

Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 € по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Неа Потидеа е првото место на влезот во полуостровот Касандра, со богата историја и прекрасен морски пејзаж. Ова место ги спојува археолошките знаменитости со модерниот туристички дух, нудејќи совршена основа за истражување на Халкидики. Плажата во Неа Потидеа е долга и песочна, со бистро море и широки делови за релаксација под сонцето. Местото е мирно, но со доволно содржини за пријатен и исполнет одмор.

Локација: Вила Лидија се наоѓа на само 30 м. од песочната плажа во Неа Потидеа. Опкружена е со прекрасен двор и цветна градина.

Сместување: Прв и Втор кат: трикреветни студија, четирикреветни и петкреветни дуплекси.

Студио 1/3 – три единечни кревети, одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
Дуплекс 1/4 – четири единечни кревети (по 2 во посебни соби), одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
Дуплекс 1/5– пет единечни кревети (3 во една соба и 2 во друга соба), одделена опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
Клима уредот е вклучен во цената.
Пешкири и хигиенски средства нема во сместувачките капацитети.
Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).
Водата НЕ се пие.
Вилата нема сопствен паркинг.
НАПОМЕНА

Во апартманите и студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;
Сместувањето во апартманите и студијата е во 14:00 (по локално време);
Напуштање на апартманите и студијата е во 09:00 (по локално време);
Секоја направена штета се плаќа на лице место;
Водата во апартманите не е за пиење;
За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите.
Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени.
Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст, на вториот аранжман.
За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор плаќањето е на 9 рати.
За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс, во спротивно резервацијата е неважечка.
Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
Задолжително патничко осигурување.
Цените се изразени во EUR во денарска противвредност 1€ = 62,оо ден.
Превозот се доплаќа
Задожолжителна доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во Агенција).

bottom of page