top of page
Вила Лена
Nea Roda Grcija 2026 Leto
Цена:
Почнувајќи од 300евра за наем
На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ се наоѓа вилата „Lena“. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.
Напомена
Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио (апартман) без вклучен превоз.
Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по LAST MINUTE понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената.
Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по EARLY BOOKING цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин.
Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
Сместувањето е првиот ден после 14:00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време.
Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари.
bottom of page




















