top of page

Vila Maria Pashalidou

Nea Roda Leto 2026 Grcija

Цена:

Почнувајќи од 330 евра за наем на апартман

Вилата„Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрати со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека...
Напомена:
- Цените се однесуваат за наем на цел апартман(студио) без вклучен превоз
- Туристичката агенција има право да ги продаде пеостанатите капацитети по LAST MINUTE понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената.
- Доколку патникот го откаже апартманот кој го уплатил по EARLY BOOKINGз се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот неможе да го користи попустот за следен термин.
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно бројот на кревети.
- Сместување е првиот ден после 14:00 по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09:00 часот по локално време
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противредност по курс 62 денари.
bottom of page