top of page
Вила Џина
Grcija Sitonija Neos Marmaris 2026 Leto
Цена
Почнувајќи од 137 евра за наем
Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Овде живеат преку 3000 жители во текот на целата година, а во текот на летото, населението се проценува на околу 20.000 жители. Неос Мармарас е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.
Вила ЏИНА се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од море. Објектот располага со студија за две и три лица, како и 1/3+1 (со 2 единечни кревети во собата и тросед на преклоп во кујната) и апартмани за четири лица. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред. Во вилата има WIFI, но Т.А. Травелисимо не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Наем за 7 ноќи / 8 дена
- Wi-Fi интернет
- Вклучена клима
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
-Здравствено и патничко осигурување
-Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
деца до 12 години 40€ / Еден правец 35€
Дете до 2 години – бесплатно
Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз до 21 јуни и во септември, а цените во јули и август се за наем на апартман
НАПОМЕНИ:
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
4. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
5. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
6.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
7. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
8. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
9. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
10. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
11. Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
12. За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. Травелисимо
bottom of page










