top of page
Pella Rooms
Neos Marmaras Grcija Leto 2026
Цена
Почнувајќи од 59 евра
Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на Ситонија, сместено на три ридови долж западниот брег, и претставува центар на активностите на полуостровот. Оддачечен е 125 km од Солун и 20 km од Никити.
Главната градска плажа, со бројни beach bar-ови, започнува од последниот залив на градот и се протега до патот кон Porto Carras. Лоцирана е на периферијата на Неос Мармарас.
Плажата е убава, песочна и носител на Синото знаме за квалитет и чистота. Морето е исклучително чисто, особено во утринските часови кога е мирно и мазно како стакло. Благодарение на плиткиот дел и постепениот влез во вода, оваа плажа е идеална за семејства со деца.
Плажата Paradisos, исто така на периферијата на Неос Мармарас, од едната страна е долга и тесна со ситен камен, а од другата страна се редат симпатични приватни хотели и вили. Дел од плажата е песочен, дел со ситни камчиња. Пред секоја вила има кафе-бар со маси во ладовина, каде што секогаш може да се најде освежување.
Комплексот располага со 5 двокреветни студија и 3 трокреветни студија, кои во својот состав вклучуваат:
• ТВ
• Клима уред
• Wi-Fi интернет
• Кујна (во поголемиот дел од студијата)
• Фрижидер
• Бања
• Тераса (некои тераси имаат поглед кон море), мрежички против комарци на вратите
• Гостите можат да паркираат на јавниот паркинг кој се наоѓа околу 170 m од куќата Pella Rooms
Сите соби се опремени со нов мебел, а посебно внимание се посветува на хигиената и одржувањето на целиот комплекс. Иако се наоѓа во центарот на местото, околината е многу мирна. Некои од собите гледаат кон мало двориште со дрвја од лимон.
Напомена: Туристичката такса (2 € по ден / по соба) не е вклучена во редовните цени и се плаќа на лице место.
bottom of page











