top of page
Star Paradise Hotel
Neos Marmaras Grcija Leto 2026
Цена
Почнувајќи од 49 евра за наем за 1 ноќ
Неос Мармарас е едно од најпознатите летувалишта на Ситонија, сместено на три ридови долж западниот брег, и претставува центар на активностите на полуостровот. Оддалечен е , 125 km од Солун и 20 km од Никити.
Главната градска плажа, со бројни beach bar-ови, започнува од последниот залив на градот и се протега до патот кон Porto Carras. Лоцирана е на периферијата на Неос Мармарас.
Плажата е убава, песочна и носител на Синото знаме за квалитет и чистота. Морето е исклучително чисто, особено во утринските часови кога е мирно и мазно како стакло. Благодарение на плиткиот дел и постепениот влез во вода, оваа плажа е идеална за семејства со деца.
Плажата Paradisos, исто така на периферијата на Неос Мармарас, од едната страна е долга и тесна со ситен камен, а од другата страна се редат симпатични приватни хотели и вили. Дел од плажата е песочен, дел со ситни камчиња. Пред секоја вила има кафе-бар со маси во ладовина, каде што секогаш може да се најде освежување.
Star Paradise Hotel е сместен на околу 150 метри од плажата Паради SOS (Paradisos) во Неос Мармарас, на полуостровот Ситонија. Хотелскиот комплекс нуди удобен сместувачки капацитет за 2–4 лица, отворен базен и простор за паркирање.
Хотелот располага со соби и студија погодни за двокреветно или четворокреветно сместување.
Типови на сместувачки единици:
Двокреветни соби: француски кревет
Четворокреветни соби: француски или два споени единечни кревети + уште два единечни кревети
Двокреветни студија: француски или два единечни кревети
Четворокреветни студија: француски или два споени единечни кревети + софа за 2 лица
Секоја сместувачка единица има приватно купатило и наткриена тераса со простор за седење. Собите се опремени со фрижидер, додека студијата располагаат со мини-кујна и решо, наменети за подготовка на лесни оброци.
Сите единици се климатизирани и имаат бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор и фен за коса. Чистењето се врши секој ден, а постелнината и пешкирите се менуваат на секои 2–3 дена.
Содржини и услуги
ТВ, Wi-Fi интернет, сеф
Клима уред и греење
Приватно купатило, туш, фен
Фрижидер
Чајна кујна и решо (во студиите)
Опремена тераса
Постелнина и пешкири, секојдневно одржување
Прекрасно уредено двориште, роштиљ, надворешни тушеви
Базен со бесплатни лежалки и чадори
Појадок, рецепција
Бесплатно паркирање пред хотелот + приватен паркинг на 50 метри
Напомена
-Цените се изразени во € по сместувачка единица / на ден, за 2 лица во двокреветни и за 3 лица во семејни единици.
-Појадок е вклучен во цената во периодот 01.06 – 31.08.
-Во останатите термини појадок се доплаќа:
-7.5 € по дете до 12 години
-12.5 € по лице над 12 години
-Дополнително лице – 15 € по ноќевање.
-Минимален престој – 3 ноќевања.
-Туристичката такса (5 € по ден / по единица) не е вклучена во цената и се плаќа на лице место.
bottom of page



















