top of page

Бари 13.11-16.11.2026

тргнување:

13.11.2026

враќање:

16.11.2026

сместување:

ХОТЕЛ

превоз:

АВИОН

Цена:

319 евра

Бари, по големина е деветти град во Италија и е главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано ги привлекувале верниците. Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.

Што е вклучено во цената
 Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок
 Директен лет на релација Скопје –Бари -Скопје
 Аеродромски такси
 Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;( дозволено едно парче багаж )
 Организирани трансфери: аеродром БАРИ – хотел – аеродром БАРИ
 Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Што не е вклучено во цената
 Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
 Туристичка такса 5е од ноќ (се плаќа на рецепција)
 Посета на Алберобело,Матера и Полињано а Маре -60 евра (се плаќа на лице место) ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ИЗЛЕТ

ПРВ ДЕН 13.11.2026 Петок
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 14:30ч.Полетување кон Бари 16:50ч. По слетување во Бари, трансвер кон хотел , сместување,слободно време и ноќевање.

Важно
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот и слика од пасош, авио картите се купуваат веднаш на име на патникот
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 10 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот, се задржува уплатената сума во целост !

bottom of page