top of page
МАЛТА
тргнување:
20.11.2026
враќање:
23.11.2026
сместување:
хотел
превоз:
авион
Цена:
279 евра ПРОМО
Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино – лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
Авионски билет Скопје – Малта – Скопје
3 ноќевања во хотел со 3*** во Слиема
Појадок
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Организација на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
Чекиран багаж до 20 кг – цената ќе биде дополнително утврдена 2–3 дена пред патувањето.
Туристичка такса – 120 денари по лице/ден, се плаќа во агенција
Ручеци и вечери
Влезници за знаменитости и музеи, доколку патникот сака да ги посети.
Возење со чамец во Blue Grotto – доколку временските услови дозволуваат.
Лични трошоци и индивидуални услуги.
Патничко и здравствено осигурување е задолжително
Факултативните излети не се вклучени во основната цена.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
ГОЗО – 55 €
Victoria • Citadel • Ta’ Pinu • Dwejra • Xlendi
MARSAXLOKK + BLUE GROTTO – 30 €
Неделен пазар • рибарско пристаниште • Luzzu • Blue Grotto
VALLETTA + MDINA – 45 €
Главниот град на Малта • историски центар • Mdina – „Тивкиот град“
НАПОМЕНА
🔸Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
🔸Факултативните излети не се задолжителни и патникот може да избере на кои излети сака да учествува.
🔸 ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ СЕ ВРШИ ПРИ УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ.
🔸 За реализација на факултативните излети потребни се минимум 10 пријавени патници.
🔸 Програмата може да претрпи мали измени во зависност од временските услови, сообраќајот и организацијата на локалниот партнер, при што ќе се задржи предвидената содржина на патувањето.
🔸 Возењето со чамец во Blue Grotto зависи од временските и морските услови и не може да се гарантира.
🔸 Чекираниот багаж не е вклучен во основната цена и се доплаќа дополнително.
🔸 Патниците се должни да поседуваат важечки патен документ и да ги исполнуваат условите за патување.
🔸Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
🔸Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
bottom of page













