top of page
Студија Зинова
Почнувајќи од 129 евра за наем на студио
-17% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 18.02.2026
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 25.02.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2026
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2026
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
Zinova Studios – Се наоѓаат во центарот на Пефкохори, на само 100 м од плажа, веднаш до познатиот маркет “ Próodos (Πρόοδος) “ и спроти кружниот тек кај пица “Roma”. Стидија на прв спрат, целосно реновирани во 2022.
Студио бр.1 и 2 со брачен кревет и фотеља на спуштање за дете до 12 години, комплет опремена кујна, клима, ТВ, Wi-fi, терас со поглед на улицата.
Студио бр.3 поглед кон улицата и бр. 4, 5 и 6 поглед кон градината, брачен кревет и единечен кревет, комплет опремена кујна, клима, купатило со туш ,ТВ, Wi-fi.
НАПОМЕНА: Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Информации, услови, попусти
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
На промо цените не следува попуст за: 2 последователни термини,попуст за рана резервација и BLACK FRIDAY попуст. При резервации се уплаќа аванс од 35% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Цените обележани со портокалово се промо цени.
Во цената е вклучено:
7 Ноќевања,
Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината)
Клима
Во цената не е вклучено:
Превоз,
Патничко осигурување,
Паркинг
Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во агенцијата)
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин, (ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ САМО ЗА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
Попустите не може да се комбинираат,
Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 евра по куфер.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
bottom of page










