top of page
EARLY BOOKING 2026
10% попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.02.26)
7% попуст за резервации до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70% до 01.03.26)
Апарт Хотел Посеидонио се наоѓа на 100 метри од плажа на одлична локација во центар на Полихроно веднаш до црквата. Располага со апартмани со 1 спална соба (extra king size 200x200) каде што можат да се сместат двајца возрасни и дете до 7-8 год. Апартманите се реновирани 2025 Година, комплетно опремени со тоалет, кујна, тераса со поглед кон улица и море, ТВ, интернет и клима - вклучена во цена. Во склоп на вилата има паркинг со доплата 10€ од ден со претходна најава при резервација, доколку има слободни места. Апартманите се наоѓаат на I и II кат. Ви посакуваме убав престој.
НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз;
- Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број не може да се смести ниту бебе во кревет со двајца возрасни;
- Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Автобусот ги остава/зема патниците на 300м од вилата на главниот пат кај семафорите;
- Wi-Fi интернет и клима - БЕСПЛАТНО!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
bottom of page










