top of page
На првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, се наоѓа туристичката дестинација Полихроно, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Полихроно е опкружено со бујна медитеранска вегетација. Го краси долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца.На местото на денешно Полихроно, во 7 век п.н.е. постоела населбата Неаполи која е уништена во 6 век н.е. Во 11 век се основа Полихроно . Денес брои повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, производи од маслиново масло и морски плодови, производи од крзно и кожа, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна. Полихроно е одличен избор за семејства со деца поради убавото шеталиште покрај морето, кристалното море, како и многубројните продавници.
ОПИС:
Локација: Вила Лица се наоѓа на одлична локација, на 50 м од песочна плажа, во центарот на Полихроно.
Сместување: Располага со апартмани за 3 и 4 лица. Четири апартмани се наоѓаат на високо приземје (бр.1, 2, 3, 4) и еден на прв спрат (бр.5). Се состојат од кујна каде има кревет на отварање или лежај со грчки димензи,голем фрижидер, шпорет БЕЗ рерна, основни садови за соодветниот број на лица , ТВ, интернет, купатило, клима, спална соба со брачен кревет или спална и единечен кревет, две тераси со поглед на улица и поглед на двор. Паркинг.
Сместувањето е идеално за 3 возрасни и дете до 7г или 2 возрасни и 2 деца до 12г.
Важна напомена:
Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи. Агенцијата не е одговорна за брзината на интернетот или јачината на сигналот поради технички проблеми.
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Информации, услови, попусти
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
На промо цените не следува попуст за: 2 последователни термини,попуст за рана резервација и BLACK FRIDAY попуст. При резервации се уплаќа аванс од 35% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Цените обележани со портокалово се промо цени.
bottom of page










