top of page

Хотел Coral Blue Beach

Gerakini Grcija 2 krak Leto 2026 Patuvanje Letuvanje

Цена

Почнувајќи од 248 евра

Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, урбано уредена со лежалки, чадори за сонце;
Главениот ресторан “Thalassa” е место каде се служат појадокот и вечерата на принцип шведска маса, со голем избор на вкусни домашни јадења и специјалитети.
Барот на плажа “Ammos” е преубаво место на самата плажа и под борови дрвја каде се нудат свежи сокови, сладоледи, лесно освежување, коктели и вкусна ужина.
Што е вклучено во цената
-Цена по лице за 7 ноќевања со појадок и пијалоци од типот на кафе, вода сок, чај и вечера (без пијалоци)
-Две деца до 11.99 години – Бесплатно
-Користење на клима уред
-Интернет на бар на плажа и во лоби на хотелот
-Паркинг (во согласност со слободни места во моментот)

Што не е вклучено во цената
-Туристичка такса од 5 еур по соба на ноќ која се плаќа во хотел;
-Трет возрасен во соба на дополнително легло плаќа 37е од ноќ дополнително од сумата дадена за термините.
-Трето дете од 0–11,99 години: 25 € на ноќ.
-Доплата за HB+ – бесплатни пијалоци за време на вечерата од мени во ресторанот – 15 € на ден за возрасен и 8 € за деца до 11.99 г.
-Доплата за – FB + – ручек и весплатни пијалоци за време на ручек и вечера од мени на ресторанот – 33 € на ден за возрасен и 17 € за деца до 11.99 г.
-Превоз Македонија – Грција – Македонија
-Скопје / Велес / Неготино / Граничен премин Богородица –
-Возрасни: 55e. повратен билет
-Деца: 45е.повратен билет
Важно
ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ СО ВКЛУЧЕНИ ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата.
Превозот се реализира со автобус, комбе или патничко, а истото го одредува агенцијата еден ден пред поаѓање.
Превозот е до најблиската локација до сметувањето каде може да минува превозното средство.
Напомена за резервации со попусти:
-бројот на соби кој може да се резервира со попуст за рани резервации е ограничен!
-агенцијата го задржува правото на промена или прекинување попустите пред наведените датуми на истекување.
-резервациите направени со еден попуст не може да се комбинират со друг попуст!
-доколку уплатата не се изврши навреме резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата и истото не е причина за отказ на постоечката резервација.
-за уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст неможе да се комбинира со други попусти
-Во случај на отказ на резервациите уплатени со попуст за рана уплата до 15 дена пред патување уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.


Сместување: Сместување во собите е после 15 часот локално време, напуштање на собите е до 10 часот последниот ден по локално време.
Double Room: Брачен лежај или две одвоени легла (едно до друго) и еден дополнителен кревет. Максимум сместување на 2 возрасни и дете од 0-11.99 години).
Bungalow: брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло –максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99)
Family Room with bunk bed: Брачен лежај или одовоени кревети и кревет на спрат –максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99 години)

Дополнителните легла во сите соби се на расклопување; креветите на спрат се најчесто од железна конструкција.
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор (локални ТВ канали, телефон, фрижидер / мини бар, сеф, фен за коса, купатило со туш, балкон или тераса. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.
Чистење на собите: Согласно нови протоколи за Covid-19 за кои информација може да се добие на рецепција.

Standard Double Room
Стандардните двокреветни соби, од 20 м2, се стилски опремени и убаво средени соби, сјајни и составени од една спална соба со брачен или два единечни кревети и едно дополнително легло, бања со туш и приватен балкон или тераса со поглед на градината.
Максимум сместување на 2 возрасни и дете од 0-11.99 години).

Bungalow
Бунгаловите со површина од 21 м2 се засебни градби со камени ѕидови. Тие се состојат од еден брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло,со модерен и функционален мебел, минималистички дискретен декор, бања со туш и тераса со поглед на прекрасната градина и базенот на хотелот.
Максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99),

Family room with bunk-bed
Фамилијарните соби се со површина од 30 м2 со кревети на спрат, се состојат од голема спална соба на приземјето. Тие нудат стилски и функционален мебел, кревети на спрат за деца, минималистички декор, бања со туш и тераса со поглед на прекрасната хотелска градина.
Максимум сместување 2 возрасни + 2 деца (0 – 11.99 години).
bottom of page