top of page
Вила Tsitsirikos
Toroni Halkidiki-Sithonia Grcija Leto 2026
Цена
Почнувајќи од 175 евра
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
BLACK FRIDAY до -30% за резервации со комплетни уплати до 28.11.2025
Вилата Tsitsirikos е еден од најпознатите и најбараните објекти во Торони, позната по одличниот сооднос на квалитет и цена. Сместена е на само 70 метри од плажата и шеталиштето, во прекрасен двор полн со зеленило и цвеќиња. Мирна атмосфера, исклучителна чистота и љубезни домаќини се причината зошто оваа вила е омилен избор за семеен одмор во Торони.
Објектот се состои од 12 четирикреветни апартмани (30 m²)
Вилата се наоѓа на само 70 метри од песочната плажа во Торони, во непосредна близина на сите содржини – маркети, таверни, кафулиња и продавници. Лесно се пристапува со автомобил, а вилата располага со сопствен паркинг за гостите.
Апартманите располагаат со:
- спална соба со брачен кревет
- кујна со трпезариски простор каде има еден поголем и еден помал единечен кревет
- во два апартмани дополнително има и фотеља-кревет
- сите апартмани имаат балкон (некои со трема), клима, ТВ, Wi-Fi и комарници
Вилата има простран, уреден и зелен двор, идеален за семејства со деца. Во дворот има лежалки и чадори, масички со столици, скара (BBQ) достапна за сите гости, како и делови со сенка за попладневен одмор. Паркингот е бесплатен и обезбеден во рамките на дворот.
bottom of page









