top of page
Будва со Дубровник - Велигден
Budva Crna Gora Veligden 2026
Поаѓање:
09.04.2026
Враќање:
12.04.2026
Сместување:
Хотел
Превоз:
Автобус
Цена:
Цена на аранжманот: 119 € (7.380 мкд)
Промо цена: 99 € (6.138 мкд)
Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.
Токму Велигден искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 12 Во продолжение програмата…
09.04.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ
Состанок на групата во 22:00 часот пред хотел Русија. Организиран превоз од: Koчани, Штип, Велес и Скопје, заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз
-2 ноќевања во приватни апартмани
-Разглед на Будва
-Посета на Острог
-Туристички придружник за време на целиот престој
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Патничко осигурување (се вади во агенција)
-Туристичка такса 5€ од лице. Се плаќа задолжително од лице во автобус
-Факултативен излет до Тиват, Котор и крстарење по Бока Которска – 40€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
-Факултативен излет до Дубровник – 45€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
-Влезници за културно – историските споменици и локалитети
НАПОМЕНА:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
-За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Травелисимо.
bottom of page








