top of page

Велигден на Остров Крф

Krf Grcija Veligden 2026
Поаѓање:
09.04.2026
Враќање:
13.04.2026
Сместување:
Приватно сместување
Хотелско сместување
Превоз:
Автобус
Цена:
Приватно сместување: 149 евра (9 240денари)
Хотелско сместување: 199 евра (12 340)
Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови. Прославата на Велигден кој е на ист датум како и во Македонија е незаборавно искуство. Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот кој нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова тридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Претпоставуваме не би пропуштиле едно вакво доживување, Ве очекуваме!
09.04.2026
Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Ноќно возење со попатни паузи.
Што е вклучено во цената

- 3 ноќевања во Ипсос,Дасиа и околината студија/апартмани без појадок
- 3 ноќевања во Хотел Силвер Беј 3* со вклучен појадок
- Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје
- Трансфер од Велес, Неготино, Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип
- Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица
- Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
- Туристички пратител во текот на целиот престој

Што не е вклучено во цената

- Туристичка такса за приватно сместување – околу 6 евра по лице за 3 ноќи
- Туристчка такса за хотелско сместување -околу 15 евра од соба за 3 ноќи
- Целодневен факултативен излет (Палеокастрица, фабриката Василакис, Велигденски ручек) – 70 евра по лице
- Патничко осигурување
- Доплата за еднокреветна соба во хотел 120е дополнително од сумата на аранжманот.
- Доплата за еднокреветна соба во апартманско сместување 50% од втората сума, дополнително од сумата на аранжманот.
Важно:
За деца од 3 до неполни 11,99 години се плаќа 50% од сумата на редовната цена од аранжманот, кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 11.99 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
Доплата за еднокреветна соба во хотел 120е дополнително од сумата на аранжманот.
Доплата за еднокреветна соба во апартманско сместување 50% од втората сума, дополнително од сумата на аранжманот.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Сместувачките капацитети се приватни сместувања во Ипсос и околината на Дасиа.
Сместувачките капацитети располагат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа/апартмани.
Сместувачки капацитет за хотелско сместување во Ипсос и околината на Дасиа.
Сместувачкиот капацитет за хотелско сместување располага со 1/2 и 1/3 соби.
Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите.
Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
bottom of page