top of page

Истанбул-авионска програма

Veligden 2026 Izmir Turcija
Поаѓање:
10.04.202
Враќање:
13.04.2026
Сместување:
Хотел
Превоз:
Авион
Цена:
Промо цена: 379 € / 23 500 мкд
за резервации заклучно до 14.03.2026
Редовна цена на аранжманот: 429 € / 26 600 мкд
Измир – драгоцен камен на Егејското Море. Прекрасниот Измир е трет по големина град во Турција по Истанбул и Анкара и нуди динамичен спој на модерното и традиционалното. Град со 4 милиони жители, сместен во централниот дел на егејскиот брег во државата. Историски познат како Смирна со едно од најголемите пристаништа и најстарите населби во регионот на Средоземното Море. Измир може да се пофали со многу фасцинантни локалитети на културно и археолошко наследство со повеќе од 3000 години урбана историја, прекрасна клима, многубројни продавници, модерни хотели и традиционални ресторани.
10.04.2026 (петок)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Измир со директен лет во 06:40 часот и слетување во 08:55 часот локално време. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување. Во 12:00 часот започнува организирана пешачка тура со разглед на Измир – градот каде Европа се пресретнува со турската традиција и култура и кој изобилува со бои, мириси и вкусови, посета на Кordonboyu заливот, пристаниште на Измир и посета на Отоманската саат кула и Кемералти Базар, најраздвижениот и шаренолик дел на градот. Слободно време за прошетка по приморската улица – Алеа кордон, позната по ноќниот живот. Ноќевање.
Цената на аранжманот вклучува:

Директен авионски лет со Pegasus Airlines согласно следниот итенерар и согласно политика на авиокомпанијата :
10/04/2026 PC1572 Skopje – Izmir 06:40 08:55 P PAGT/QC
13/04/2026 PC1571 Izmir – Skopje 11:45 12:00 U UAGT/QC
Вклучен чекиран багаж од 20 кг по лице и рачен кабински багаж од 8кг по лице согласно политика на авиокомпанија
Три ноќевања со појадок во хотел Piano 3* (https://pianohotel.com.tr/) во Измир
Туристичка такса
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Пешачка тура низ Измир со локален водич на англиски јазик ( посета на Кемералти базар, Саат кулата, Кордон)
Организација на аранжманот и лиценциран придружник за време на целото патување


Цената на аранжманот не вклучува:

Целодневна факултативна посета на Aлачати и Чешме со водич – 45€ по лице (за минимум 20 лица) –Пазариери џамија (во којашто е сочуван олтарот на црквата Свети Константин), вклучена влезница за замокот во Чешме, посета на марината на Чешме како и Елеваторот во Измир на познатата Дарио Морена улица.
Целодневна факултативна посета на Ефес со локален водич на англиски јазик (без влезница), посета на Куќата на Богородица ( со вклучена влезница), посета на православното село Ширинџе и посета на градот Кушадаси – 85€ по лице (за минимум 10 лица)
Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
Бакшиш за возач и водич
Индивидуални трошоци
Доплата за еднокреветна соба 85€
Трето лице во трокреветна соба – 10% попуст
Напомени и услови:

Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби
За реализација на ова патување потребен е минимум од 20 патници
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд)
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот е 10 дена пред термин на поаѓање
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој во сообраќајот, доцнење на летот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување се прави до 5 дена пред термин на патување, плаќање на излетите се прави на лице место
Организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени лица за факултативите, истите да ги откаже или да ја зголеми цената
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници или виша сила
Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето
За патувањето важат општите услови на Травелисимо
bottom of page