top of page

Истанбул за Велигден – 2 ноќи

Istanbul Turcija Veligden 2026
Поаѓање:
10.04.2026
Враќање:
13.04.2026
Сместување:
Хотел
Превоз:
Автобус
Цена:
Цена на аранжманот: 109 евра (6 758денари)
И овој Велигден отпатувајте заедно со нас во магичниот град на два континенти – Истанбул!
Изграден на 7 брда, Истанбул денес е светска метропола која изобилува со културно -историски споменици, музеи, културни центри, над 20 универзитети, природни богатства, традиционална и модерна архитектура и вкусна, турска кујна.
Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
10.04.2026
Состанок на групата околу : 16:00 h
Поаѓање кон Истанбул околу : 16:30 h
Место на поаѓање ( Скопје ) – паркинг при хотел Русија – општина Аеродром
Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во текот на целокупното викенд патување
Предвидено пристигнување во раните утрински часови
Што е вклучено во цената:

- Две ноќевања и појадок во хотел со 3*
- Автобуски превоз
- Туристичка такса
- Лиценциран туристички придружник
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
- Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “
- Превоз Скопје,Велес,Неготино,Гевгелија,Штип,Струмица,Прилеп и Битола

Што не е вклучено во цената:

- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
Важно:

Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција
Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.
bottom of page