top of page
Сараево и Мостар за Велигден
Saraevo Mostar Veligden 2026
Поаѓање:
Враќање:
Сместување:
Превоз:
Цена:
Цена на аранжманот: 109 евра (6 760 денари)
Босна и Херцеговина земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.Босна и Херцеговина е речиси континентална држава – има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа.
10.04.2026
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија.
Поаѓањето од Скопје е околу 22:30ч но патниците за точно време на поаѓање се известуваат на еден ден пред поаѓање.
Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
Што е вклучено во цената:
-2 ноќевања со појадок во хотел
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник за време на патувањето
-Посета на Вишеград и Андриќград
-Автобуски превоз Скопје и Куманово
Што не е вклучено во цената:
- Крстарење по Дрина– 10 евра од лице
- Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90евра
- Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 80 евра
– Ноќно Сараево -15евра од лице (задолжителна уплата во агенција)
- Туристичка такса– 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
- Патничко осигурување
- За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино,Велес и Штип-10е во правец по лице
Важно:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје
За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите
bottom of page











