top of page
1 Мај во Мадрид
Тргнување
01.05.2026
Враќање
04.05.2026
Цена
Превоз
Авион
Сместување
Хотел
Цена на аранжманот: 539 евра ( 33.418 ден)
Главниот град на Кралството Шпанија, Мадрид, важи за еден од најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура и голем број на културни атракции кои ќе ве остават без здив. Мадрид е историско – културен центар како за Шпанија, така и за голем дел од јужна Европа.
Бидејки областа е населена од Римско време има многу историски локалитети за истражување и уживање. Голем број од градбите во Мадирд изгледаат како замоци со што ке си помислиме дека се наоѓаме во некоја бајка . Дури и градското собрание е восхитувачко , со нео-готски карактеристики. Постојат многу нешта да се видат и направат во Мадрид, како и ноќен живот во локалните барови , ресторани и клубови .
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Травелисимо.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Авионски превоз на релација Скопје-Мадрид-Скопје со WIZZ AIR со вклучени аеродромски такси и багаж со димензии до 8 кг/мал багаж 40х30х20см.
-Трансфер од аеродром-хотел –аеродром во Мадрид;
-3 нокевања со појадок
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Доплата за багаж до 10кг со димензии (50х40х23) (инфо во агенција)
-Факултативен излет – пешачки разглед на Мадрид – 20€
-Факултативен излет ТОЛЕДО 70€ со вклучен превоз , водич Минимум 15 патника
-Туристичка такса 3 евра по лице на ден
-Патничко осигурување
-Се она што не е споменато во програмата
-Доплата за еднокреветна соба – 120€
02.05.26 Мадрид
Појадок. По појадокот организирана факултативен пешачки разглед на Мадрид. Кралскиот градсовршено ги спојува традиционалното и модерното. Неговиот шарм е дискретен, но силен, неговата историја богата, но природно вклопена во современиот пулс на секојдневниот живот. Ќе ве освои со неговите широки барокни булевари, импозантни градби, динамични пазари и волшебни паркови. Посета на главните знаменитости – Шпанскиот плоштад, главниот плоштад – Plaza Mayor, палатата Palacio Real de Madrid, катедралата., плоштадот Puerta del Sol…. Слободно време за индивидуални активности, шопинг, кафе, ручек. Попладнето можност за посета на паркот El Retiro, триумфалната капија и фонтаната Cibeles. За љубителите на уметноста можност за посета на музејот Реина Софија познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Герника”. Ноќевање
bottom of page







